Исламската Држава уби шест ирачки војници

Екстремистичката Исламска Држава јавно погубила шест ирачки војника во провинцијата Анбар, во која и понатаму освојува територии и покрај интензивните воздушни напади на Соединетите Држави и нејзините сојузници. Според информациите, еден војник во униформа и пет цивили биле наредени покрај еден ѕид и на сите им било пукано во глава. Според очевидци, милитантната група Исламска Држава во истиот град фрлила бомба кон полициската станица.Градот Хит се наоѓа на 140 километри западно од Багдад. ИД таму упаднала во четвртокот. Таа држи поголем дел од провинцијата Анбар, каде што седиштата на екстремистите се на удар на американското воздухопловство.