Шефот на Хонг Конг ги повика продемократските демонстранти да им овозможи на владата и граѓаните да ја продолжат својата нормална работа и живот. Во денешниот говор Леунг Чун-Јинг предупреди дека полицијата ќе ги преземе сите неопходни мерки за да се обезбеди владините канцеларии и училиштата повторно да бидат отворени на шестти октомври, откако спорадични судири избувнаа меѓу демонстрантите и провладините групи.Во меѓувреме, полицијата уапси 19 лица обвинети за напад на продемократските демонстранти вчера, што пак доведе до одложување на разговорите меѓу демонстрантите и владата. Демонстрациите се проширија во текот на минатата недела и станаа најголемиот предизвик за властите во Пекинг откако поранешната британска колонија беше предадена назад кон кинеската власт во 1997 година. Активистите протестираат против плановите на Кина да ги проверуваат и одобруваат кандидатите за изборите во Хонг Конг во 2017.