Белата Куќа повикува на смиреност

Администрацијата на Обама повика на смиреност во врска со случајот на ебола во Соединетите Држави. Д-р Антони Фаучи, шеф за заразни болести на Националниот институт за здравство изјави дека е потребно да се пренесат информациите во јавноста оти владее голем страв. Фаучи додаде дека здравствената инфраструктура во САД е добро опремена за да ја запре еболата. Првиот човек дијагностициран со ебола во САД отиде во болница Далас, Тексас минатата недела, но беше погрешно испратен дома и покрај откривањето дека тој ја посетил Либерија, пред да се врати со амбулантно возило неколку дена подоцна. Портпаролот на Пентагон изјави дека до 4000 војници би можеле да бидат распоредени во Западна Африка. Адмиралот Џон Кирби од Воената Морнарица изјави дека војската започнала медицинско тестирање за ебола на две нови лаборатории во Либерија.