Продемократските демонстранти и поддрувачите на кинеската влада се судрија денеска во Хонг Конг. Инцидентoт се случил во една од најпрометните шопинг области во Хонг Конг, кога стотици поддржувачи на Пекинг упаднале во шаторите на демонстрантите и ги урнале нивните банери. Полицијата формирала кордон за да ги раздели двете групи.
Демонстрантите бараат изборни реформи, а не лидерот да им биде наметнуван од Комитетот кој е лојален на Пекинг. Во обид да се смири ситуацијата, лидерот на Хонг Конг назначи службеник да преговара со демонстрантите.