Жалба во Стразбур поради исфрлањето на новинарите од Собранието

Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, исфрлен од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013-та на 24 декември 2012 година.

Правда во Европскиот суд за човекови права во Стразбур бара ЗНМ поради исфрлањето на новинарите од Собранието на 24 декември 2012 година.

Здружението на новинари на Македонија се жали во Европскиот суд за човекови права во Стразбур за инцидентот во Собранието што се случи на 24 декември 2012 година, соопшти претседателот на здружението Насер Селмани кој рече дека жалбата била поднесена вчера.

Од Европскиот суд бараме да утврди прекршување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права поради насилното бркање на новинарите од собраниската галерија. Ние сметаме дека во овој случај се повредени и членовите 6 и 13 од Конвенцијата, кои гарантираат право на фер судење пред Уставниот суд и право на ефикасен правен лек.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

„Од Европскиот суд бараме да утврди прекршување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права поради насилното бркање на новинарите од собраниската галерија. Ние сметаме дека во овој случај се повредени и членовите 6 и 13 од Конвенцијата, кои гарантираат право на фер судење пред Уставниот суд и право на ефикасен правен лек“, вели Селмани.

Тој додава дека тие се обидувале случајот да го решат пред домашните институции, но откако и Собранието и уставниот суд, како што вели, не покажале демократски капацитет да утврдат прекршување на уставно загарантираното право на слобода на изразување се убедени дека сега европскиот суд ќе го стори тоа.

Со овој потег сакаме да им покажеме на нашите домашни институции дека вакви репресивни мерки против новинарите и медиумите не се дозволени во демократски општества. Прашуваме кој ќе ја преземе одговорноста ако Европскиот суд утврди дека со бркањето на новинарите од собраниската галерија е прекршено начелото на слобода на изразување.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

„Со овој потег сакаме да им покажеме на нашите домашни институции дека вакви репресивни мерки против новинарите и медиумите не се дозволени во демократски општества. Прашуваме кој ќе ја преземе одговорноста ако Европскиот суд утврди дека со бркањето на новинарите од собраниската галерија е прекршено начелото на слобода на изразување“, вели Селмани.

Уставниот суд во април годинава ги одби двете барања за заштита на слободите и правата поднесени од шест новинари и од ЗНМ поради насилното отстранување од собраниската сала за време на седницата за буџетот пред две години. Образложението на судот беше дека проценил оти до физичкото отстранување на новинарите дошло поради ескалација на хаос и безредие, а целта била да се заштитат новинарите и да се обезбеди ред во салата.

Барањето поднесено од ЗНМ, пак, беше одбиено од процедурални причини, бидејќи подносител било здружението, а можело да биде само физичко лице.

Според Селмани, по случувањата на 24 декември и понатамошното постапување на институциите се зголемил притисокот врз новинарите.

„Затоа што со одлуката на Уставниот суд, а пред сè мислам дека со одлуката на полицијата, која што и со одговорот којшто на некој начин беше дрзок, мислам дека им прати порака на институциите дека насилството против новинари е дозволено и дека тука нема институции кои тоа ќе го санкционираат“, вели Селмани.

Тој додава и дека досега ниту еден случај со насилството врз новинари не е докрај расчистен. Во изминатиов период новинарите најчесто доаѓаа во конфликт со припадниците на МВР. Во мај годинава на протестите во Ѓорче Петров полицијата избриша снимки на новинари, но по истрагата, Министерството соопшти дека не биле обезбедени никакви докази оти материјалите биле избришани, а за време на протестите за случајот Монструм, пак, беше приведен и новинар практикант.