Во САД е соопштено дека над 100 луѓе можело да имаат директен или индиректен контакт со првиот човек кому во земјата му беше дијагностициран вирусот Ебола.
Властите во Далас соопштија дека од 12 до 18 луѓе имале директен контакт со пациентот од Либерија, а тие имале контакт со многу други. Либерија соопшти дека станува збор за лицето Томас Ерик Данкан, жител на главниот град Монровија. Над 3 илјади луѓе досега починаа од вирусот Ебола во западна Африка.