Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки ги потврди новинарските извештаи дека Вашингтон побарал од грчката Влада да апсат борци џихадисти кои од Албанија и Босна и Херцеговина, преку Грција, патуваат кон Сирија и Ирак.
Американските власти се загрижени дека Грција може да стане главен канал за префрлување на борци на џихадистичката група Исламска држава (ИД) од западните земји.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчката разузнавачка служба, наводно, ги засилила напорите за лоцирање и следење на осомничени милитанти кои пристигнуваат во земјата. Се смета дека западните поддржувачи на ИД можеби патуваат низ Грција во обид да стигнат на Блискиот Исток.