Турскиот парламент денеска го разгледува барањето на владата да се одобри воена акција во Ирак и Сирија. Предлогот за воени акции е за да се одбранат од заканите од екстремистичката организација Исламската држава, која контролира големи делови од Ирак и Сирија. Блиску до Кобани, клучниот сириски град на границата со Турција се бодат борби меѓу курдските борци и милитантите на ИД. Турскиот парламент претходно одобри операции во Ирак и Сирија за напади врз курдските сепаратисти во северен Ирак и за да се спречат заканите од режимот во Дамаск.
Се уште не е наведено кога Анкара ќе ја поддржи коалицијата предводена од САД против милитантите на Исламската држава, но претседателот Реџеп Таип Ердоган повика да се формира тампон зона на границата меѓу Турција и Сирија, над која ќе нема летови, за да се гарантира безбедност.