Продемократските демонстранти во Хонг Конг повикаа лидерот на земјата да се повлече од функцијата додека тој присуствуваше на церемонијата за одбележување на Националниот ден на Кина.
Демонстрантите со денови блокираат улиците низ Хонг Конг, повикувајќи на демократски реформи со кои ќе им се овозможи на гласачите да избираат свој лидер на територијата на изборите во 2017-та.
Пекинг минатиот месец пресуди дека ќе им овозможи на гласачите во Хонг Конг да го изберат својот лидер, но изборот на кандидати ќе бидат ограничени на оние кои ќе ги одобри Комитетот кој е про Пекинг. Демонстрантите се заканија дека ќе ги прошират демонстрации, освен ако лидерот Леунг Чин Јинг си поднесе оставка, а кинеското раководство се согласи да ги прошири изборните реформи. Во својот говор извршниот шеф Леунг Чун-Јинг изјави дека додека луѓето имаат различни идеи за тоа што треба да сочинува пакетот реформи, подобро е да имаат право на глас, отколку да немаат.