Воздушните напади на коалицијата предводена од САД против милитантите на Исламската држава (ИС), денеска биле насочени и погодиле цели на милитантите во близина на градот Кобани на границата меѓу Сирија и Турција. Сиријската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон денеска соопшти дека нападите погодиле цели на борците источно и западно од Кобани. Друга група на активисти јави дека имало напади надвор од градот. Кобани е претежно населен од Курди, но исто така живеат Арапи, Ерменци, Турци. И покрај неколкуте претходни воздушни напади, борците на ИД сепак направија напредок кон Кобани во последните неколку дена.