Властите на Хонг Конг соопштија дека ги повлекле специјалните полициски сили од улиците во градот каде што се одржуваат досега најголемите продемократски протести. Вчера полицијата со употреба на солзавец и водени топови се обиде да ги растера демонстрантите. Студентите пред неколку дена почнаа протести на кои бараат поголеми демократски права и средба со властите на Хонг Конг за изборни реформи.