Пониски роаминг цени во регионот?

Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина во Будва денеска ќе потпишат Спогодба за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи. Според најавите, спогодбата треба да овозможи неколкукратно намалување на цените на разговорите, СМС и интернет услугите преку мобилните телефони. Тоа воедно е прв чекор за целосно укинување на роамингот при разговори меѓу петте држави од регионот. За примена на спогодбата чија содржина ја договораа на средба пред еден месец регулаторните тела, се неопходни законски измени. Надлежните министерства на земјите потписнички на договорот во рок од 30 дена треба да почнат процедура за дополнување на законот за електронски комуникации, со што цените за услугата ќе се регулираат на реципрочна основа.