Волерс: Изјавата на Бејли непрецизно пренесена

Macedonia - U.S. Ambassador Paul Wohlers spoke the Forum of Energy, 11 June 2014

Непотребно се крена врева за изјавата која беше непрецизно пренесена, оцени американскиот амбасадор Пол Волерс во врска со реакциите на изјавата на неговиот наследник Џес Линпинкод Бејли, кој припадниците на македонското население ги нарече Словени.

Тој нагласи дека САД не ја промениле политиката кон Македонија и оти го почитуваат идентитетот на македонскиот народ.

„Мислам дека ова беше една непотребна контроверзија и резултат на недоразбирање најверојатно предизвикана од лошо известување за настаните. Изјавата беше извадена од контекст бидејќи амбасадорот не даде никаква изјава во однос на етникумите, туку само одговараше на прашање кое се однесува на Охридскиот рамковен договор“, рече Волерс.

Идниот американски амбасадор во државата ги ослови припадниците на македонското мнозинско население со Словени при неговото сослушување пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот.

Македонското МНР поради ова го повика на разговор заменик амбасадорот на САД во државата на кого му искажа вербална нота.