Град Скопје по петти пат годинава претпладнево ја организираше манифестацијата Појадок на мост. Граѓаните кои претходно требаа да обезбедат билети појадуваа на Камениот мост и на Мостот на цивилизациите. На појадокот обезбеден од донатори дојдоа и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за труд и социјална политика Диме Спасов, заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец. Првиот човек на град Скопје, Коце Трајановски им се заблагодари на сите претставници од Владата што дошле и рече дека традиција во Македонија била луѓето да наоѓаат мотиви и начини како да дојдат на едно место и да се дружат.
“Драго ми е што секоја година луѓето се сè по заинтересирани да дојдат овде, пред се да се дружат, да раговараат и да разменуваат мислења и тоа од сите делови на Скопје, од сите општини и од сите националности. Мостовите како симбол на зближување и на овој настан го покажаа своето значење” рече Трајановски.