Имамот Тарфа Багаџати кој е роден во Сирија, како претседател на Австриската муслманска иницијатива, се занимава со прашања поврзани со имиграцијата, расизмот и човековите права.
Тој во разговор за Радио Слободен Ирак ги објаснува причините зошто стотици млади муслимани од Европа им се приклучуваат на милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак.
„Постојат многу фактори: прво и најзаблежливо е тоа што младите кои им се приклучуваат на овие групи немаат никаква силна врска со исламот или со муслиманите. Тие никогаш не влегле во џамија па дури не знаат ни да се молат. Затоа брзо им потпаѓаат на ветувањата од типот „Ние ја држиме апсолутната реалност и ќе ви го покажеме патот на вистината и на мачеништвото кој води до рајот.“
Според него, вториот фактор е тоа што овие млади луѓе воопшто не се гледаат себе си како дел од западното општество, односно тие не се израснати да се вклопуваат во него на позитивен начин.
Постојат многу фактори: прво и најзаблежливо е тоа што младите кои им се приклучуваат на овие групи немаат никаква силна врска со исламот или со муслиманите. Тие никогаш не влегле во џамија па дури не знаат ни да се молат. Затоа брзо им потпаѓаат на ветувањата од типот „Ние ја држиме апсолутната реалност и ќе ви го покажеме патот на вистината и на мачеништвото кој води до рајот
Постои, како што наведува, и своевидната дискриминација и индиректно прогонување на исламот што се дефинира како „исламофобија“. Сепак, според него, не треба само Западот да се обвинува за ваквата појава.
„Тука мора да се воздржиме од обвинувањето на Западот и да се запрашаме како екстремистичките размислувања се инфилтрираа во нашите општества. Тоа во изминативе 20 години влијаше врз умовите на нашите млади и ги водеше кон отфрлање на нивните сопствени општества и ги дистанцираше од традиционалниот ислам во Ирак и Сирија.“
Притоа имамот потсетува дека сите важни стихови во Коранот се наменети да носат правда на Земјата, а не, како што вели, да правдаат сечење раце или обезглавување луѓе. Според него, за регрутирањето на младите муслимани, извесна одговорност имаат и џамиите во светот.
„Морална одговорност, да. Ние сите сме одговорни. Затоа ние во Австриската исламска комисија и во повеќето џамии во Австрија се обидуваме оваа работа да не им ја препуштиме на други. Оваа тема мора да има место во петочните молитви. Најважно од се е неопходноста да зборуваме на локален јазик.“
Сепак, како што наведува тој, еден од проблемите е интернет кој е главен извор за младите луѓе, дури и во религијата. „За жал екстремистите се популаризираат преку Јутјуб. Си ги признаваме нашите недостаоци“, вели имамот Тарфа Багаџати, претседател на Австриската муслманска иницијатива.