Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен пред почетокот на самитот на Алијансата во Велс изјави дека „Русија ја напаѓа Украина“ и оти продолжува да ја дестабилизира ситуацијата во источниот дел Украина и покрај планот за примирје предложен од рускиот претседател Владимир Путин. Претходно, британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека е неприфатливо руски војници да се во Украина и предупреди дека Западот би можело да ги зголеми санкциите врз Москва.