Камерон: Западот може да ги зголеми санкциите врз Москва

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека е неприфатливо руски војници да се во Украина и предупреди дека Западот би можело да ги зголеми санкциите врз Москва. Тој ова го рече пред почетокот на дводневниот самит на НАТО во Кардиф на кој се очекува да биде потврдена решеноста на Западот против инволвираноста на Русија во конфликтот во источна Украина. Досегашните санкции, според Камерон, веќе имале ефекти.