Немало инцидент пред Општина Центар?

Протест пред Општина Центар во Скопје. 06 јуни 2013.

Од министерството за внатрешни работи засега нема реакција на писмото што градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски го упати до министерката Гордана Јанкулоска. Градоначалникот побара одговори зошто сè уште не е расчистен случајот со каменување на општинската зграда иако од тогаш помина повеќе од една година. Жерновски обвинува дека за МВР овој настан „ не постои“, „не се случил“.

Од министерството за внатрешни работи засега нема реакција на писмото што градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски го упати до министерката Гордана Јанкулоска. Градоначалникот побара одговори зошто сè уште не е расчистен случајот со каменување на општинската зграда и повредување на еден општински советник, иако од тогаш помина повеќе од една година.

Во документацијата на Министерството, вклучително и во редовните извештаи што Полициската станица Центар – Скопје ги поднесува до Советот на Општината, не постои ниту еден документ, белешка или било каква индикација дека ваков настан навистина се случил.
Писмо на Андреј Жерновски до Гордана Јанкулоска.

Жерновски вели дека тој лично неколку дена по протестите, на 12-ти јуни поднел Барање за поведување прекршочна постапка против непознат сторител, уредно заведена во Секторот за внатрешни работи – Скопје. Дополнително нападите врз општината се регистрирани преку фото-документацијата за состојбата во салата, но и преку камерите и фото-апаратите од страна на сите национални и странски медиуми, присутни во земјата, пишува тој во писмото до министерката.

Андреј Жерновски.

Жерновски обвинува дека за МВР овој настан „ не постои“, „не се случил“.

Писмено обраќање до секторот за внатрешна контрола, поднесување пријава против командирот на полициската станица којшто не го завел случајот и кој не го процесирал случајот на соодветен начин . Исто така во ваков вид на случаи, мора да реагира и јавното обвинителство.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.

„Во документацијата на Министерството, вклучително и во редовните извештаи што Полициската станица Центар – Скопје ги поднесува до Советот на Општината, не постои ниту еден документ, белешка или било каква индикација дека ваков настан навистина се случил. Работите отишле дотаму, што на последната седница на Советот на Општина Центар, пред два дена, при разгледување на шестмесечниот извештај на Полициската станица Центар – Скопје, в.д. Командирот нè упати да доставиме барање до Министерството за да можат да поведат постапка за идентификување на настанот?!“. Останува уште да ни кажат дека сами сме си го смислиле, а можеби и ќе не обвините и дека сами сме си го направиле. Како тргнале работите, се е очекувано!, пишува во писмото.

Денеска Жерновски изјави дека молкот од МВР продолжува.

„После повеќе од една година нема никакво известување. Тоа е едно од оние министерства кое милува секогаш да даде брзи одговори, но овој пат нема што да се одговори затоа што е јасно сосема дека имаме селективен пристап, дека Министерството тогаш кога сака и кога е потребно знае веднаш да ги пронајде сторителите. Да потсетам, кога беше каменувана Владата за помалку од осум часа ги најдоа сторителите, но за овој случај не сум оптимист. Очигледно Јанкулоска не работи согласно Уставот и Законите колку и да го повторува тоа“, изјави Жерновски.

Професор Мирјана Најчевска вели дека сега градоначалникот на Центар треба да направи една широка лепеза на правни дејствија насочени против конкретни луѓе кои требало да преземат конкретни обврски.


„Писмено обраќање до секторот за внатрешна контрола, поднесување пријава против командирот на полициската станица којшто не го завел случајот и кој не го процесирал случајот на соодветен начин, тоа значи гонење на целиот тој кадар, односно службените лица кои веќе требале да постапат соодветно. Исто така во ваков вид на случаи, мора да реагира и јавното обвинителство.“

Зад тогашните протести застана здружението „ВЕРИТАС“. Тие протестираа пред општината поради, како што велеа, намерата на градоначалникот на општина Центар со измените на новиот детален урбанистички план да ја урне црквата Свети Константин и Елена, иако градоначалникот изјави дека и да се донесе нов план, црквата нема да се урива.

Колку за споредба, демонстрантите што учествуваа на насилните протести против случајот Монструм беа идентификувани, а шестмина од нив беа осудени на по 3 години затвор за неполн месец по протестите.

Најчевска вели дека ако се погледнат двата случаи може да се види дека станува збор за селективна употреба на правото и тоа е најлошото што може да му се случи на правото.

„Заради тоа што луѓето едноставно губат доверба во се она што претставува правосуден органи, правосуден систем. Во иднина многу лесно може да се случи луѓето да си ја преземат правдата во свои раце, со оглед на таа недоверба која дефинитивно ја градат кон органите на правосудството.“