Ало докторе за „продавање магла“, а не за медицинска помош

Илустрација.

Телефонот на кој пациентите може да добиваат совети не служи за ништо освен да се создава магла дека таму ќе најдат здравствена заштита, коментираат дел од граѓаните. Проектот Ало Докторе, којшто се состои во тоа што лекари ќе делат совети на пациенти преку посебна телефонска линија, може би имал цел кога по повикот нешто би се направило. Тоа меѓутоа не може да се случи, зашто тие само упатуваат, велат дел од луѓето.

Ако не може во моментот кога ми е потребно да отидам и да ми дојде доктор не знам тогаш. Почнаа да нè лекуваат преку телефон, да ми кажуваат што треба да му дадам на болниот небаре сум јас и аптека и доктор и сестра за да можам да ја завршам терапијата.
Анкетирана граѓанка.

За жал, кога пациентот не може да смета на помош од здравствениот систем, телефонот не служи за ништо и тоа значи дека пациентите треба сами себе си да си помогнат, дополнуваат некои граѓани, кои не штедат зборови на критика. Пациентите главно се жалат на долгото чекање, иако во меѓувреме функционира и проектот Мој термин.

„Ако не може во моментот кога ми е потребно да отидам и да ми дојде доктор не знам тогаш. Почнаа да нè лекуваат преку телефон, да ми кажуваат што треба да му дадам на болниот небаре сум јас и аптека и доктор и сестра за да можам да ја завршам терапијата.“

На секој може да му текне „Ало докторе“, што значи тоа, дека имаме премногу доктори што нема што да прават па ќе седат покрај телефон. Не гледам некоја реформа во тоа „Ало докторе“ во секој момент.
Доктор Јордан Савевски, универзитетски професор.

„Ние сме 70-годишни луѓе. Јас лично мислам дека ќе одам на матичен лекар. Не сум по техниката и по тие современи работи, јас на матичен, па тие што ќе ми кажат.“

„Си одиме кај нашите матични лекари, па тие не праќаат кај што мислат дека треба да одиме и тоа е тоа“, велат анкетираните граѓани.

На конкурсот за проектот „Ало Докторе!“ на Министерството за здравство, кој се состои во тоа што лекари ќе делат совети на пациенти преку посебна телефонска линија, досега пристигнале девет апликации. Пријавите се од лекари со различни специјалности во медицината, кои треба да имаат најмалку 10-годишно работно искуство како доктори-специјалисти. Стручњаците оценуваат дека ефектите од овој проект нема да бидат позитивни.

„На секој може да му текне „Ало докторе“, што значи тоа, дека имаме премногу доктори што нема што да прават па ќе седат покрај телефон. Не гледам некоја реформа во тоа „Ало докторе“ во секој момент. Некој ако има зголемен крвен притисок и ало докторе кога ќе мериме притисок, а нема термин за таа недела, како ќе го среди тоа? Мислам дека тоа не е во ред, меѓутоа она со закажување да се знае колку пациенти се има и колку може да се прегледаат, тоа е добра реформа“, коментира проф д-р Јордан Савевски, кој дополнува дека здравството има потреба од суштински реформи, а тоа подразбира модернизација на опремата и установите, отворање кон надвор и едукација на нашите стручњаци во странство, а во однос на кадрите, тој нагласува дека е потребно да се врботуваат најдобрите студенти на генерацијата, а не тие што имаат партиска книшка.

Повикувачкиот центар треба да почне со работа од 15 септември и ќе обезбедува упатства за граѓаните при појава на разни симптоми за кои не е неопходен итен медицински третман како главоболка, настинка, покачена телесна температура, и слично. Телефонската линија ќе биде достапна 7 дена во неделата, по 24 часа, и на неа ќе се делат и совети за правилна употреба на лековите, со акцент на лековите кои се достапни во продажба во супермаркетите и бензинските станици.