Нереди во Фергусон
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Гувернерот на Мисури Џеј Никсон изјави дека денеска наредил распоредување припадници на Националната гарда во предградието на Сент Луис каде што пред една недела полицаец убил едно невооружено црно момчче. Полицијата во Фергусон, соопшти дека за време на синоќешните протести се соочила со координирани напади, вклучувајќи со огнено оружје и со молотови коктели. Полицијата била принудена да употреби солзавец.