Полициски час во Фергусон

Вонредна состојба и полициски час втора ноќ по ред има во американска држава Мисури, во градот каде на 9 август полицаец уби невооружено момче со афро-американско потекло.

Овој потег на власта има за цел да ги смири протестите и грабежите во Фергусон по смртта на 18-годишниот Мајкл Браун.
Неколку часа пред полицискиот час кој стартува на полноќ полицијата во панцири и гас-маски, со солзавец ги растеруваше демонстрантите. Извештаите велат дека имало повеќе протести и судири помеѓу полицијата и народот со доаѓањето на ноќта.

Полицијата соопшти дека Браун се борел со полицаец во полициски автомобил, но очевидци, велат дека бил застрелан додека бегал од полицаецот.