Странските инвестиции далеку под предизборните ветувања

Власта постојано го нагласува успехот во привлекување странски инвестиции, иако тие ни приближно не се на нивото на нивните предизборни ветувања.

Во првите пет месеци од годинава во Македонија влегле 146,5 милиони евра странски инвестиции, покажуваат податоците на Народната банка. Ако ваквата тенденција се задржи и во втората половина од годината, резултатот на крајот на годината ќе биде околу 350 милиони евра. Власта постојано го нагласува успехот во привлекување странски инвестиции, иако тие ни приближно не се на нивото на нивните предизборни ветувања, додека експертите посочуваат дека капацитетот на земјава е толкав.

Со нашите ресурси, со она што го поседуваме и со она што значиме во светската економија, толку е од прилика капацитетот, можеби 300, можеби 400 милиони евра, меѓутоа никогаш нема да биде повеќе.
Сашо Арсов, универзитетски професор.

Најдобра година за странските инвестиции во изминатата деценија била 2007 со над 500 милиони евра, додека најлоша е 2005 со само 77 милиони евра. Странските инвестиции во 2011 година биле 344 милиони евра, во 2012 – 111 милиони евра, а лани скоро 269 милиони евра. Тоа е сепак многу помалку од ветеното во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2011-2015 година, насловена Манифест за реформи и развој. Според програмата, партијата најавила странски инвестиции од над 300 милиони евра во 2011, над 350 милиони евра во 2012, над 400 милиони во 2013, а за годинава биле предвидени над 500 милиони евра странски инвестиции.

Откако се покажа дека тој предизборен есап „не излегува на пазар“, власта ги намали очекувањата. Во најновата изборна програма „Проверено“ на владејачката партија за периодот 2014-2018 година, пак, не се посочуваат конкретни бројки, туку се ветуваат странски инвестиции од 3 до 5 отсто од БДП-то, што е меѓу 240 и 410 милиони евра.

2008200920102011201220132014

Предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за 2008-2012

Од 200 до 300Од 300 до 400Од 400 до 500Од 500 до 600Од 600 до 750

Предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2011-2015

Од 300 до 350Од 350 до 400Од 400 до 500Од 500 до 550
Официјални податоци на НБРМ400145160344111269

*Во милиони евра.

Се наметнува прашањето зошто и покрај сите роуд-шоуа, економски промотори, скапи кампањи во странските медиуми и индустриски зони, Македонија не може да се одлепи од таа бројка од 300-400 милиони евра странски инвестиции годишно. Универзитетскиот професор Сашо Арсов вели дека апсорпциониот капацитет на македонската економија е толкав. Ние треба да бидеме среќни ако неколку години по ред успееме да привлечеме по 400 милиони евра странски инвестиции, вели тој.

Работата си дава резултати и интересот за Македонија е сè поголем. Тоа е само поттик повеќе за нас да продолжиме по истиот пат, со добри политики и со силна работа.
Никола Груевски, премиер на македонската влада.

„Инвестициите доаѓаат поради некоја причина, тие не доаѓаат со сила во голем обем, туку доаѓаат затоа што има одредени причини и нашиот капацитет да привлечеме странски инвестиции е од прилика толкав. Со нашите ресурси, со она што го поседуваме и со она што значиме во светската економија, толку е од прилика капацитетот, можеби 300, можеби 400 милиони евра, меѓутоа никогаш нема да биде повеќе. Ако една година имаме повеќе, можеби 500 милиони, другата година ќе имаме помалку, така што просекот е тој“, вели Арсов.

При поставувањето камен темелник за изградба на новата техничко индустриска развојна зона кај Радовиш пред неколку дена, премиерот Никола Груевски рече дека странските инвестиции се резултат на досегашното макотрпно работење на овој план.

„Работата си дава резултати и интересот за Македонија е сè поголем. Тоа е само поттик повеќе за нас да продолжиме по истиот пат, со добри политики и со силна работа“, изјави Груевски.

Економистите, пак, посочуваат дека инвеститорите не бараат само финансиски погодности, туку и стабилна политичка клима, ефикасно судство и правна држава.