Обама: Русија не прави ништо

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама ја минимизира улогата на Москва во светот, оценувајќи дека Русија како држава не прави ништо. Во интервју за „Економист“, претседателот Барак Обама се осврна и врз проблемите што Соединетите држави ги имаат со Кина, но за нив рече дека тие би можело да бидат решени.

Во интервју за британскиот неделник „Економист“, американскиот претседател Барак Обама оценува дека со претходниот претседател на Русија Дмитри Медведев имал многу добри односи.

„Имавме многу продуктивни односи со претседател Медведев. Многу работи завршивме што требаше да бидат завршени.“

За разлика од тоа Обама упати критики до сегашниот претседател на Русија Владимир Путин. Според Обама, Путин бил лидер кој предизвикува проблеми само за да остане на власт.

„Мислам дека претседателот Путин претставува голем притисок во Русија што веројатно ќе биде штетно за земјата долгорочно. Краткорочно може да биде политички популарно дома и многу загрижувачки во странство.“

Мислам дека претседателот Путин претставува голем притисок во Русија што веројатно ќе биде штетно за земјата долгорочно. Краткорочно може да биде политички популарно дома и многу загрижувачки во странство.
Барак Обама, претседател на САД.

Претседателот Обама за „Економист“ вели дека е многу битно државата да нуди добра иднина за нејзините граѓани.

„Мислам дека е важно да се одржува перспективата. Русија не прави ништо. Имигранти не се брзаат за Москва во потрага по можности. Животниот век на рускиот маж е околу 60 години. Популацијата се намалува.“

Интервјуто на Обама следуваше откако Западот воведе нови санкции врз Русија, обвинувајќи ја Москва дека ги поддржува проруските сепаратисти во Украина. Москва тоа постојано го демантира, наведувајќи дека за конфликтот е виновна украинската влада. Зборувајќи за санкциите Барак Обама вели:

„Мора да одговориме со решителност на регионалните предизвици од Русија. Мора да бидеме сигурни дека тие нема да ескалираат и одеднаш нуклеарното оружје да се врати во надворешно политичките разговори. И се додека тоа го правиме, тогаш мислам дека историјата е на наша страна.“

Минатата недела американската влада ја обвини Русија за изведување проби со што го прекршила договорот за нуклеарното оружје од 1987 година. Овој договор е дизајниран со цел елиминирање на ракетите со дострел од 500 до 5. 500 километри.

Во врска со американско-кинеските тензии, претседателот Барак Обама оцени дека тие можат да бидат надминати со поголема решителност на Западот.

Кина е во постојана кавга со западните земји за интелектуалната сопственост, како и за нејзините територијални спорови со соседите во Јужното кинеско море.