Продолжува израелската офанзива во Газа

.

.

Израелските сили ја продолжуваат офанзивата во појасот Газа а бројот палестинските жртви продолжува да се искачува.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун рече дека гранатирањето од страна на израелските сили на објект на ОН во кој беа згрижени Палестинците и во кој загинаа најмалку 15 лица, а беа повредени десетици други е "срамота" и "неоправдано".

Израел соопшти дека милитантите на Хамас испукале ракети од близина на местото а израелските сили возвратиле на огнот.Израелски официјални лица изјавија дека се фокусираат на уништување на тунелите на палестинските милитанти кои биле користени за напади во Израел, и се само "неколку дена" од уништување на сите нив.Претставници од Газа јавија дека најмалку 1361 Палестинци, повеќето од нив цивили, биле убиени на палестинските територии.Израел изгуби 56 војници во судирите и тројца цивили во повеќе од три недели од борбите.