Советот за безбедност во резолуцијата изразува силна поддршка на повикот на меѓународните партнери и на генералниот секретар на Обединетите нации за моментален и безусловен хуманитарен прекин на огнот, со цел да се дозволи неопходната помош.
Прифативме пет прекини на огнот и дејствуваме во согласност со нив. Хамас ги отфрли сите, дури и оние за доставување хуманитарна помош. Хамас, верувале или не, ги прекршува и прекините на огнот што сам ги предложи.Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
„Советот за безбедност исто така ги повикува страните да се ангажираат за целосен прекин на огнот врз основа на египетската иницијатива“, соопшти претседавачот на Советот, Еуген Гасана од Руанда.
Израел и исламистичката група Хамас, која го контролира Појасот Газа, во изминативе денови неколку пати се согласуваа на краткотрајни прекини на огнот, но тие постојано беа прекршувани.
Важна работа за да се сфати причината зошто убиваме цивили, не е тоа што Израел пука врз нив, туку дека Хамас ги користи како човечки штит. Ние употребуваме ракети за да ги заштитиме нашите луѓе, тие ги користат нивните луѓе за да си ги заштитат ракетите.Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
„Прифативме пет прекини на огнот и дејствуваме во согласност со нив. Хамас ги отфрли сите, дури и оние за доставување хуманитарна помош. Хамас, верувале или не, ги прекршува и прекините на огнот што сам ги предложи“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Претходно, портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри рече дека Хамас чекал официјален одговор од Израел, односно дека ќе продолжи да отвора оган се додека израелската војска не ги прекине своите операции во кои гинат невини цивили. Нетанјаху во врска со ваквите обвинувања изјави:
„Важна работа за да се сфати причината зошто убиваме цивили, не е тоа што Израел пука врз нив, туку дека Хамас ги користи како човечки штит. Ние употребуваме ракети за да ги заштитиме нашите луѓе, тие ги користат нивните луѓе за да си ги заштитат ракетите“, рече Нетанјаху.
Над 1030 Палестинци и околу 45 Израелци, повеќето војници, загинаа во изминативе три недели колку што траат борбите во Газа.
Израел претходно призна дека израелски сили по грешка истрелале граната врз училиште на Обединетите нации во Газа минатата недела, но оти притоа никој не загинал.
Израелската армија прикажа видео снимка на која, како што е соопштено, се гледало дека дворот на училиштето бил празен за време на нападот.
Палестинските власти, пак, соопштија дека три гранати во училиштето во градот Бејт Ханун, убиле 16 луѓе.
Обединетите нации побараа истрага за инцидентот.
Американскиот претседател Барак Обама вчера телефонски му порачал на премиерот Нетанјаху дека е неопходен итен прекин на огнот.
Тој претходно изјави дека воените операции во Газа ќе продолжат се додека е потребно за да се демилитаризира подрачјето од каде што милитанти на Хамас стрелале со ракети и преку мрежа тунели влегувале на израелска територија.