Фуад Масум избран за нов претседател на Ирак

Фуад Масум

Ирачкиот парламент денеска го избра курдскиот политичар Фуад Масум за нов претседател на земјата, што претставува вториот чекор за формирање на нова влада. 76 годишниот Масум, кој беше избран на тајно гласање ќе го замени на функцијата Џалал Талабани, кој го завршува вториот мандат. Ирачките политичари се во ќор сокак околу формирањето нова влада по изборите во април.