Украинскиот премиер Арсениј Јатсениук наредил истрага за падот на малезискиот авион во источна Украина. Самопрогласениот премиер на Доњецк, Александар Бородаи негираше било каква вмешаност во несреќата. Според него, сепаратистите не поседуваат ракета која може да сруши авион кој лета на висина од 10 илјади метри. Според него, инцидентот е провокација од украинската војска.
Антон Херашченко од украинскиото министерство за внатрешни работи изјави дека сите 280 патници и 15 членови на посадата загинале во несреќата. Авионот, кој патувал од Амстердам до Куала Лумпур се урнал во близина на Шахтарск, кој се наоѓа во регионот Доњецк, кој е под контрола на сепаратистите.