Украинскиото министерство за внатрешни работи соопшти дека малезискиот авион кој се урна во источна Украина бил соборен од проектил. Според Антон Херашченко, од министерството сите 280 патници и 15 членови на посадата загинале во несреќата. Тој изјави дека вионот летал на висина од 10 илјади метри кога бил погоден од проектилот. Авионот, кој патувал од Амстердам до Куала Лумпур бил п се урнал во близина на Шахтарск, кој се наоѓа во регионот Доњецк, кој е под контрола на сепаратистите.
Од Малезија Ерлајнс соопштија на твитер дека загубиле контакт со авионот додека летал во украинскиот воздушен простор. Украинските власти се борат со проруските сепаратисти во Доњецк.