Американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд денеска ќе допатува во посета на Србија, а главна тема на нејзините разговори со српските лидери ќе биде дијалогот меѓу Белград и Приштина и процесот на имплементација на Бриселскиот договор, соопшти Стејт департментот. Таа во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ, како и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.Нуланд денеска ќе ја посети и Приштина, каде ќе оствари средби со високи владини функционери и политички лидери. Американската заменичка на државниот секретар утре ќе го посети Скопје, каде ќе разговара за евроатланските интеграции на земјата и за други прашања Нуланд претходно ги посети Хрватска, Црна Гора и Албанија.