Малала повика за помош на раселените од Северен Вазиристан

Малала Јусуфзаи, младата пакистанска девојка во која пукаа талибанските милитанти, ја повика светската заедница да им помогне на десетиците илјади раселени во пакистанскиот регион Северен Вазиристан поради борбите во оваа област. Пакистанската војска започна операција во областа за да ја испразни од милитанти бидејќи стана упориште на талибански групи. Малала имаше15 години кога беше пукано во неа во 2012 година додека таа патуваше во училиште во Пакистан. Таа беше на удар на Талибанците, бидејќи на нејзиниот блог го изразуваше своето мислења за потребата од образование на девојчињата во нејзиниот роден крај, долината Сват.