Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да биде изречена пресудата за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро. Иако пресудата за случајот „Монструм“ требаше да биде донесена уште минатата недела, изрекувањето се одложи заради болест на главниот судија Ивица Стефановски. Седумте обвинети во случајот се соочуваат со казни затвор од 10 години до доживотно по обвиненија за тероризам. Двајца од нив – Алил Демири и Африм Исмаиловиќ пресудата ќе ја дочекаат во затвор во Косово, каде што беа осудени за недозволено поседување оружје.