Во Македонија има граѓански иницијативи, но проблем претставува реакцијата на надлежните институции. Тука се и стравот, пресметливоста и партизираноста, како причините поради кои во земјава тие не можат да успеат. Сè уште многу ретки се случаите кога невладините организации можат со демократски притисок да извршат корекција на она што државата не го регулира како што треба.
Магла, забуни и сомневања се надвиснуваат врз работата на невладиниот сектор. Противниците на граѓанското здружување успеваат во јавноста преку создавање на инстант невладини да ја нарушат довербата во граѓанските организации. Сè уште преовладуваат стереотипните етикети како „странски платеници“, „кодоши“, „перачи на пари“, но и покрај сите обиди на партиите за приграбување на граѓанскиот сектор, доверба во граѓанскиот сектор расте.
Можеби невладините се оцрнувани и напаѓани, но никој не може да им ја одземе заслугата за постигнатото во изминатите две децении, велат луѓето од овој сектор. Но, се согласуваат дека земјава е години поназад од развиените земји и дека ќе треба уште многу труд и време граѓанскиот сектор да застане на здрави нозе.
Ѓаволски тешко е да се истурка една граѓанска иницијатива до крај, вели активистот Игор Смилев, кој на јавноста и стана познат по случајот со велешката Топилница.
„Генерално, во вакво сè уште кревко демократско опкружување, каде што ние само може да сонуваме и мислиме за демократија, навистина беше тешко да се опстојува како граѓански активист. Значи, сè додека случајот не заврши на суд и сè додека не дојдеме на суд, ниту еден проблем не може да се реши, на добро или на лошо“, вели тој.
Смилев вели дека му е тешко да одговори дали повторно би поминувал низ сето ова.
„Сериозен пекол минавме, од ситуации кога бевме приведувани на информативен разговор во полиција на самиот почеток на нашиот активизам, до моментите кога се палеше вратата од мојот стан, па потоа преку низа анонимни пораки на мобилен телефон, па потоа до понудата, ајде така условно да кажам, да нè купат за одредена сума на пари преку посредници“, вели Смилев.
Но случајот Велес е еден од ретките што може да се смести во позитивните примери. Тука се и женските организации кои постигнаа да има повеќе жени пратеници, а со заложби на првата детска амбасада Меѓаши се направени измени во кривичниот закон. Но иницијативната на АМАН, собирањето потписи од страна на МОФ за екстерното тестирање, потоа протестите против законот за абортус, стоп за полициска бруталност, иако на почетокот анимираа маса на луѓе, ја раздрмаа јавноста и наидоа на првична поддршка, одеднаш спласнаа не остварувајќи ја до крај својата цел.
Но, зошто е тоа така, колку граѓанскиот сектор е моќен да иницира промени и колку наоѓа на соговорник од другата страна?
Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС, вели дека граѓанските организации постојат за тоа да менуваат нешто, да ги уредуваат работите што може да се поправат, да предлагаат решенија, да ги убедат оние кои се во ситуација да ги прават тие промени да ги спроведат работите на дело.
„Колку се моќни граѓанските организации зависи од секоја од нив поединечно и довербата главно што граѓаните ја имаат кон нив. За мене е добар показател што прв пат откако ние ја мериме довербата во граѓанското општество, таа е над 50 отсто, односно 54 отсто доверба во граѓанските организации и постојано расте од 2006 година, така што мене тоа ми е показател дека има голем простор за работа на граѓанските организации“, вели Кржаловски.
Во едно екстремно партизирано општество, делувањето на граѓанскиот сектор се гледа во две насоки, вели Љуљзим Хазири од Асоцијацијата за демократска иницијатива – АДИ.
„Во едно екстремно партизирано општество, делувањето на граѓанскиот сектор се гледа во две насоки – или да е тоа владино делување или да е тоа антивладино делување. Не го хранат тоа чувство кај граѓаните да ги почувствуваат делувањата на граѓанските акции како да се за нивна корист“, вели тој.
Хазири вели дека има невладини организации кои се вклучуваат во консултативни процеси пред донесување на одредени закони, работат на подобрување на меѓуетничките односи, човековите права, имаат успешни проекти, но има и такви кои, како што вели, искрснуваат во одредени моменти, кога за тоа ќе одлучи некој центар на моќ.
Прашањето дали невладините можат да променат нешто во општеството, Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата на младински организации СЕГА, го разгледува од два аспекти, прво дали тие имаат капацитет за промени и второ колку тоа го можат во вакви општествените услови.
„Прво, говорејќи за капацитетите имаме неколку примери кои што се случиле во блиското минато кои покажуваат дека невладините организации имаат можност, имаат капацитет да направат промени и второто, во состојбата во која што се наоѓаме, сметам дека кај невладиниот сектор барем во моментов нема доволно потенцијал, нема доволно можност да се собере, да се соедини, да се здружи за да предизвика одредени промени“, вели Илиески.
Во публикацијата „Довербата во граѓанското општество 2013“ на МЦМС, се наведува дека трендот на умерено зголемување на
довербата во граѓанското општество, што беше евидентиран во 2010 и изнесуваше 48,1 отсто споредбено со 2008 (41,7 отсто), продолжува и во 2013 година. Имено, општо довербата во граѓанскиот сектор за прв пат е мнозинска и изнесува 54,2 отсто.
Довербата во граѓанските организации (здруженија и фондации) со зголемување за скоро 17 процентни поени е најголемото нагорно поместување споредбено со 2010 година (42,5 отсто). Поточно, здруженијата и фондациите ја уживаат довербата на 59,3 отсто испитаници, што укажува за прв пат по 2006 година (кога изнесувала 50,3 отсто) на мнозинска доверба од страна на граѓаните.
Ова зголемување на довербата во граѓанските организации, како и зголемената доверба во синдикатите, се клучните причинители на општото зголемување на довербата во граѓанското општество.
Ако се погледне подетално кои се најголемите поддржувачи на граѓанските организации (здруженија и фондации) се забележува дека како и претходните години, тоа се студентите со 77 отсто доверба во граѓанските организации, како и младите на возраст од 18 до 29 години (69 отсто). Во однос на етничката и религиската припадност скоро и да нема значителни разлики во довербата. Сите искажале мнозинска доверба (Македонци – 61 отсто, Албанци 64 отсто; православни - 60 отсто, муслимани– 66 отсто, и сл.).
Кржаловски вели дека сè уште има стереотипи дека граѓанските организации се „пералници на пари“ и работат за свои интереси, но дека полека таквиот впечаток се надминува.
„И да има некој стереотип којшто е базиран на тоа дека некој одреден број, што во суштина не е поголем од 100 организации, се финансирани од странски извори, има еден стереотип дека работат за интереси на странски влади, а не за граѓаните и за домашните интереси, но исто така тој стереотип опаѓа, односно сè поретко е таквото мислење, наспроти тоа дека се видливи резултатите кои се однесуваат на подобрување на состојбата на одредени групи на граѓани“, вели Кржаловски.
И Илиоски се согласува дека имиџот на невладините е нарушен, но дека таквиот впечаток не е од вчера.
„Тоа е нешто што не е настанато од вчера, значи тоа е еден процес низ којшто поминувал невладиниот сектор или општо речено граѓанскиот сектор во последните 15-тина години и тој имиџ сметам дека е сè уште присутен во јавноста, иако голем број на невладини организации коишто прават некакви истражувања сакаат да го побијат тоа врз основа на факти и истражување, од секојдневието можеме да видиме дека сè уште реалноста во очите на граѓаните, значи зборувам во очите на граѓаните, понатаму пренесено преку медиумите е дека состојбата е сè уште таква“, вели Илиески.
Втор стереотип со кој се соочуваат невладините е тоа дека се алатка во рацете на партиите. Во истражувањето на МЦМС се наведува дека меѓу граѓаните доминира ставот дека политичките партии ги злоупотребуваат граѓанските организации. Околу 43 проценти од испитаниците одговориле дека партиите ги присвојуваат ставовите на невладините, 20 проценти сметаат дека партиите се затскриваат зад нив и ги користат како гласноговорници, а околу 17 проценти веруваат дека политичките партии ги почитуваат организациите и ги вклучуваат во донесувањето на одлуките.
Неколку години наназад преку неколку примери власта се обиде да изврши влијание во работата на граѓанските организации. Во 2009 година, Собранието го донесе законот за невладините организации, а дел од невладините тогаш се обидуваа да покажат дека истиот е директен обид на власта да го контролира работењето на невладиниот сектор во земјата.
Еден од обидите за мешање во работата на невладините и е дискредитација на граѓанскиот сектор од страна на власта преку своите медиуми. Па така, сведоци сме на оркестрирани прилози по телевизиите кога одредени организации ќе објават извештаи во кои се нотираат неправилности во работата на власта. Потоа наместо одговор на посочените проблеми, власта ги дискредитира организациите, им ги заокружуваат со црвено главите на претседатели на невладини или граѓански активисти, власта обвинува дека се странски платеници, дека се блиски до опозицијата или дека се луѓе кои не ѝ сакаат добро на земјата.
Кога дојде оваа политичка гарнитура на власт, оствари добра соработка со невладините, раскажува Александар Цветкоски од Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка (АГТИС). Но, како поминуваше времето, се менуваа и работите, вели тој.
„Значи, граѓанскиот сектор секогаш тешко наоѓа соговорник од страна на институциите и владата. Кога оваа гарнитура дојде на власт имаше многу висока соработка со невладиниот сектор. Ние бевме многу пријатно изненадени што на пример на испратен е-маил за 15 минути веќе имате одговор од тие државни секретари коишто беа доста мобилни во тоа време, но како што минува времето тоа се менува. Знаете, сите велат дека колку повеќе луѓето се на власт, толку повеќе се елитизираат, можеби и овде е тој случај“, вели тој.
Цветкоски вели дека сепак дали невладините ќе најдат соговорник од другата страна зависи и од нивната способност, односно ако имаат силни активности, ако имаат аргументи, ако се видливи, тогаш ќе имаат и поддршка. Цветкоски вели дека невладините меѓу себе се знаат кои се и што се, а и јавноста знае кој работи, а кој не.
„Не само оваа влада, секоја влада во светот, ако види дека постои доста силна група која допира до јавноста, не би се инаетела со нив и едноставно ништо не би ги чинело да прифатат некои нивни барања. За жал кај нас имаме двојна грешка, невладиниот сектор мислам дека не ги дизајнира толку силно активностите за да бидат видливи и да бидат некој фактор или преговарач, а од друга страна владата е најчесто нетранспарентна, неотворена, не само оваа, туку и секоја претходна“, вели Цветкоски.
Марјан Забрчанец, граѓански активист и Извршен директор на Младински образовен форум, во колумна за нашето радио насловена „А што ако не беа невладините?“ спори со етикетирањето на невладиниот сектор.
„Се изнаслушавме и изначитавме етикетирања, плукања и сатанизирања врз невладините организации. Перачи на пари, странски платеници, кодоши, педери, наркомани и предавници се дел од секојдневните епитети кои граѓанските активисти мораат да ги апсолвираат, без разлика дали се формално или неформално здружени, без разлика на нивната возрасна, етничка, географска или друга позадина. А оние, критичарите, лепачите на етикети (и плакати), хејтерите, апатичните и монополистите никогаш не објаснија што ќе беше со оваа држава ако не беа невладините и ако не беа домашните и странските поддржувачи на невладините“, пишува Забрчанец.
Тој во колумната наведува дека невладините одиграа огромна улога од осамостојувањето. Во деведесеттите години, невладините имале задача да се борат со инертноста на државниот апарат и со отпорот кој „старата“ генерација го пружаше кон сè што беше слободарско, неконвенционално и сè што нудеше повеќе права за индивидуата, а помалку привилегии за фотелјата. По 2001 година, граѓанскиот сектор на терен помагаше за мирољубието, толеранцијата и антидискриминацијата. Потоа ги наведува примерите за соработката и помош на младите, протестите против полициска бруталност, акциите против велешка Топилница.
„Впрочем, можете да продолжите да ги сатанизирате невладините, но тоа е исто како да плукате врз себе, врз своите пријатели и соседи, врз граѓанството, исто како да го нарекувате сопствениот народ „шутрачки“, исто како да повикувате на борба против себеси“, пишува Забрчанец.
Димитар Апасиев од Движењето за социјална правда Ленка неколкупати досега го вперува прстот во невладините организации како една од причините за умртвување на граѓанскиот активизам.
„Зборот ми е дека семинарски обучените „НВО-активисти“, кои се прпелкаат и во интелектуалните кругови, а кои први потрчаа кон профитабилниот златен рудник на западните мецени – заглибени во намерите да ѝ се бендисаат на образованата јавност, сосем заборавија дека Јавното е многу поширока категорија“, пишува во колумна за нашето радио Апасиев.
И Смилев е на мислење дека невладините го гушат граѓанскиот активизам.
„Ние сите сме формално-правни субјекти, таканаречени невладини организации, но само малкумина се вистински граѓански активисти. Најголемиот дел од невладиниот сектор е конформистички, удобно завален во своите фотелји, двајца-тројца работат на проекти и земаат тешки пари. Не велам дека нешто не придонесуваат, но нивниот ефект е минорен во однос на пораката којашто треба да ја пратиме. На крајот на краиштата, хонорарот за којшто сите тие работат ги надминува благословеноста и искреноста на човечката цел пред нив“, вели Смилев.
Една од работите што им се забележува на невладините е нивниот однос кој донаторите. Честопати на прес-конференција тие првин кажуваат кој го финансирал проектот, кој го поддржал, а потоа за што е проектот.
Целите на граѓанскиот сектор се поврзани со поддршката, не можете да ги реализирате, ако немате поддршка, вели Љуљзим Хазири.
„Знаеме дека главни поддржувачи на граѓанските организации се странските фондации, претежно фондови од амбасадите од ЕУ. Малку се дава значење во насока на мобилизирање на локални ресурси. Значи, сега странските организации остануваат единствена можност за поддршка и оттука некогаш тоа изгледа како додворување од невладините организации“, вели Хазири.
Зоран Илиески од СЕГА вели дека тој однос меѓу невладините и донаторите сè уште е отворена болка. Тој вели дека една од причините за таквиот однос е стравот дека ако невладината не обезбеди доволна видливост на донаторот, тој нема понатаму да му дава пари. Илиоски наведува искуства од странство според кои трансферот од поддршка на странски донатори преминал кон домашни донатори или поддршка од државата. Но, кај нас не постои слух ниту кај локалните ниту кај централната власт за сериозна поддршка на граѓанскиот сектор, вели Илиески. Тој заклучува дека на земјава ќе ѝ требаат уште 5 до 10 години за да се промени свеста на политичарите за тие да почнат правилно да го перцепираат граѓанскиот сектор.
„Велам промена на политичарите, затоа што тие се тие кои ги носат промените, ги носат одлуките за ваков вид на поддршка. Сè уште, општо зборувам, во смисла и на локална и на државна власт, сè уште кај нашите политичари не постои сериозна перцепција кон невладините организации и токму затоа не планираат да обезбедат сериозна финансиска поддршка за граѓанските организации и тоа нас нè оддалечува од европските порти, реков барем едно десетина години“, вели Илиески.
И додека во развиените земји луѓето го користат своето право и преку граѓански иницијативи менуваат закони, се стекнуваат со одредени поволности, кај нас сè уште ова право е во зародиш. Со успешноста на овие иницијативи може да се мери нивото на демократија во нашата држава, додаваат инволвираните, затоа што отсуството на одговор и на реакција, не е показател за успешноста на иницијативите, туку негативен показател за нивото на демократија во Македонија, велат тие. А, за подобрување на демократската атмосфера, потребни се помасовни и поорганизирани граѓански инцијативи.
Генерално, во вакво сè уште кревко демократско опкружување, каде што ние само може да сонуваме и мислиме за демократија, навистина беше тешко да се опстојува како граѓански активист. Значи, сè додека случајот не заврши на суд и сè додека не дојдеме на суд, ниту еден проблем не може да се реши, на добро или на лошо.Игор Смилев, граѓански активист.
Можеби невладините се оцрнувани и напаѓани, но никој не може да им ја одземе заслугата за постигнатото во изминатите две децении, велат луѓето од овој сектор. Но, се согласуваат дека земјава е години поназад од развиените земји и дека ќе треба уште многу труд и време граѓанскиот сектор да застане на здрави нозе.
Ѓаволски тешко е да се истурка една граѓанска иницијатива до крај, вели активистот Игор Смилев, кој на јавноста и стана познат по случајот со велешката Топилница.
„Генерално, во вакво сè уште кревко демократско опкружување, каде што ние само може да сонуваме и мислиме за демократија, навистина беше тешко да се опстојува како граѓански активист. Значи, сè додека случајот не заврши на суд и сè додека не дојдеме на суд, ниту еден проблем не може да се реши, на добро или на лошо“, вели тој.
Смилев вели дека му е тешко да одговори дали повторно би поминувал низ сето ова.
Колку се моќни граѓанските организации зависи од секоја од нив поединечно и довербата главно што граѓаните ја имаат кон нив. За мене е добар показател што прв пат откако ние ја мериме довербата во граѓанското општество, таа е над 50 отсто.Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС.
„Сериозен пекол минавме, од ситуации кога бевме приведувани на информативен разговор во полиција на самиот почеток на нашиот активизам, до моментите кога се палеше вратата од мојот стан, па потоа преку низа анонимни пораки на мобилен телефон, па потоа до понудата, ајде така условно да кажам, да нè купат за одредена сума на пари преку посредници“, вели Смилев.
Но случајот Велес е еден од ретките што може да се смести во позитивните примери. Тука се и женските организации кои постигнаа да има повеќе жени пратеници, а со заложби на првата детска амбасада Меѓаши се направени измени во кривичниот закон. Но иницијативната на АМАН, собирањето потписи од страна на МОФ за екстерното тестирање, потоа протестите против законот за абортус, стоп за полициска бруталност, иако на почетокот анимираа маса на луѓе, ја раздрмаа јавноста и наидоа на првична поддршка, одеднаш спласнаа не остварувајќи ја до крај својата цел.
Во едно екстремно партизирано општество, делувањето на граѓанскиот сектор се гледа во две насоки – или да е тоа владино делување или да е тоа антивладино делување. Не го хранат тоа чувство кај граѓаните да ги почувствуваат делувањата на граѓанските акции како да се за нивна корист.Љуљзим Хазири, Асоцијација за демократска иницијатива – АДИ.
Но, зошто е тоа така, колку граѓанскиот сектор е моќен да иницира промени и колку наоѓа на соговорник од другата страна?
Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС, вели дека граѓанските организации постојат за тоа да менуваат нешто, да ги уредуваат работите што може да се поправат, да предлагаат решенија, да ги убедат оние кои се во ситуација да ги прават тие промени да ги спроведат работите на дело.
„Колку се моќни граѓанските организации зависи од секоја од нив поединечно и довербата главно што граѓаните ја имаат кон нив. За мене е добар показател што прв пат откако ние ја мериме довербата во граѓанското општество, таа е над 50 отсто, односно 54 отсто доверба во граѓанските организации и постојано расте од 2006 година, така што мене тоа ми е показател дека има голем простор за работа на граѓанските организации“, вели Кржаловски.
Прво, говорејќи за капацитетите имаме неколку примери кои што се случиле во блиското минато кои покажуваат дека невладините организации имаат можност, имаат капацитет да направат промени и второто, во состојбата во која што се наоѓаме, сметам дека кај невладиниот сектор барем во моментов нема доволно потенцијал.Зоран Илиески, Коалицијата на младински организации СЕГА.
Во едно екстремно партизирано општество, делувањето на граѓанскиот сектор се гледа во две насоки, вели Љуљзим Хазири од Асоцијацијата за демократска иницијатива – АДИ.
„Во едно екстремно партизирано општество, делувањето на граѓанскиот сектор се гледа во две насоки – или да е тоа владино делување или да е тоа антивладино делување. Не го хранат тоа чувство кај граѓаните да ги почувствуваат делувањата на граѓанските акции како да се за нивна корист“, вели тој.
Хазири вели дека има невладини организации кои се вклучуваат во консултативни процеси пред донесување на одредени закони, работат на подобрување на меѓуетничките односи, човековите права, имаат успешни проекти, но има и такви кои, како што вели, искрснуваат во одредени моменти, кога за тоа ќе одлучи некој центар на моќ.
Прашањето дали невладините можат да променат нешто во општеството, Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата на младински организации СЕГА, го разгледува од два аспекти, прво дали тие имаат капацитет за промени и второ колку тоа го можат во вакви општествените услови.
Ако се погледне подетално кои се најголемите поддржувачи на граѓанските организации (здруженија и фондации) се забележува дека како и претходните години, тоа се студентите со 77 отсто доверба во граѓанските организации, како и младите на возраст од 18 до 29 години (69 отсто).Публикација „Довербата во граѓанското општество 2013“ на МЦМС.
„Прво, говорејќи за капацитетите имаме неколку примери кои што се случиле во блиското минато кои покажуваат дека невладините организации имаат можност, имаат капацитет да направат промени и второто, во состојбата во која што се наоѓаме, сметам дека кај невладиниот сектор барем во моментов нема доволно потенцијал, нема доволно можност да се собере, да се соедини, да се здружи за да предизвика одредени промени“, вели Илиески.
Во публикацијата „Довербата во граѓанското општество 2013“ на МЦМС, се наведува дека трендот на умерено зголемување на
довербата во граѓанското општество, што беше евидентиран во 2010 и изнесуваше 48,1 отсто споредбено со 2008 (41,7 отсто), продолжува и во 2013 година. Имено, општо довербата во граѓанскиот сектор за прв пат е мнозинска и изнесува 54,2 отсто.
Граѓанскиот сектор секогаш тешко наоѓа соговорник од страна на институциите и владата. Кога оваа гарнитура дојде на власт имаше многу висока соработка со невладиниот сектор. Ние бевме многу пријатно изненадени што на пример на испратен е-маил за 15 минути веќе имате одговор од тие државни секретари коишто беа доста мобилни во тоа време, но како што минува времето тоа се менува.Александар Цветкоски од Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка (АГТИС).
Довербата во граѓанските организации (здруженија и фондации) со зголемување за скоро 17 процентни поени е најголемото нагорно поместување споредбено со 2010 година (42,5 отсто). Поточно, здруженијата и фондациите ја уживаат довербата на 59,3 отсто испитаници, што укажува за прв пат по 2006 година (кога изнесувала 50,3 отсто) на мнозинска доверба од страна на граѓаните.
Ова зголемување на довербата во граѓанските организации, како и зголемената доверба во синдикатите, се клучните причинители на општото зголемување на довербата во граѓанското општество.
Ако се погледне подетално кои се најголемите поддржувачи на граѓанските организации (здруженија и фондации) се забележува дека како и претходните години, тоа се студентите со 77 отсто доверба во граѓанските организации, како и младите на возраст од 18 до 29 години (69 отсто). Во однос на етничката и религиската припадност скоро и да нема значителни разлики во довербата. Сите искажале мнозинска доверба (Македонци – 61 отсто, Албанци 64 отсто; православни - 60 отсто, муслимани– 66 отсто, и сл.).
А оние, критичарите, лепачите на етикети (и плакати), хејтерите, апатичните и монополистите никогаш не објаснија што ќе беше со оваа држава ако не беа невладините и ако не беа домашните и странските поддржувачи на невладините.Колумна на Марјан Забрчанец, граѓански активист и Извршен директор на Младински образовен форум.
Кржаловски вели дека сè уште има стереотипи дека граѓанските организации се „пералници на пари“ и работат за свои интереси, но дека полека таквиот впечаток се надминува.
„И да има некој стереотип којшто е базиран на тоа дека некој одреден број, што во суштина не е поголем од 100 организации, се финансирани од странски извори, има еден стереотип дека работат за интереси на странски влади, а не за граѓаните и за домашните интереси, но исто така тој стереотип опаѓа, односно сè поретко е таквото мислење, наспроти тоа дека се видливи резултатите кои се однесуваат на подобрување на состојбата на одредени групи на граѓани“, вели Кржаловски.
И Илиоски се согласува дека имиџот на невладините е нарушен, но дека таквиот впечаток не е од вчера.
Зборот ми е дека семинарски обучените „НВО-активисти“, кои се прпелкаат и во интелектуалните кругови, а кои први потрчаа кон профитабилниот златен рудник на западните мецени – заглибени во намерите да ѝ се бендисаат на образованата јавност, сосем заборавија дека Јавното е многу поширока категорија.Колумна на Димитар Апасиев, Движењето за социјална правда Ленка.
„Тоа е нешто што не е настанато од вчера, значи тоа е еден процес низ којшто поминувал невладиниот сектор или општо речено граѓанскиот сектор во последните 15-тина години и тој имиџ сметам дека е сè уште присутен во јавноста, иако голем број на невладини организации коишто прават некакви истражувања сакаат да го побијат тоа врз основа на факти и истражување, од секојдневието можеме да видиме дека сè уште реалноста во очите на граѓаните, значи зборувам во очите на граѓаните, понатаму пренесено преку медиумите е дека состојбата е сè уште таква“, вели Илиески.
Втор стереотип со кој се соочуваат невладините е тоа дека се алатка во рацете на партиите. Во истражувањето на МЦМС се наведува дека меѓу граѓаните доминира ставот дека политичките партии ги злоупотребуваат граѓанските организации. Околу 43 проценти од испитаниците одговориле дека партиите ги присвојуваат ставовите на невладините, 20 проценти сметаат дека партиите се затскриваат зад нив и ги користат како гласноговорници, а околу 17 проценти веруваат дека политичките партии ги почитуваат организациите и ги вклучуваат во донесувањето на одлуките.
Меѓу граѓаните доминира ставот дека политичките партии ги злоупотребуваат граѓанските организации. Околу 43 проценти од испитаниците одговориле дека партиите ги присвојуваат ставовите на невладините, 20 проценти сметаат дека партиите се затскриваат зад нив и ги користат како гласноговорници.