Фановите во Бразил меѓу очекувањата и реалноста

Многу посетители на Мундијалот во Бразил очекуваа плажи, сонце и забава, но некаде очекувањата се исполнија, а некаде не изгледа се како на разгледниците.
Многу фанови дојдоа во Бразил на Светското првенство во фудбал очекувајки забава проследена со фудбал од врвен квалитет, тропски плажи, коктели и самба музика. Иако не недостига сонце, говедско на скара, пиво и забава, над половина милион посетители откриваат и работи кои ги нема на разгледниците и стереотипите што доминираат за Бразил.

Поројни дождови, голема влажност, хаос во сообраќајот, надувани цени, криминал и дел од бразилците кои се рамнодушни на Мундијалот, па дури и против, се исто така дел од абиентот на кој наидуваат посетителите од странство.


Фановите и посетителите на 12-те градови во Бразил, каде што се играат натпреварите, имаат различни искуства, и добри и лоши. Оние што се во Натал, и кои очекуваа да уживаат во песочни плажи, сурфање и сонце, неделава се соочија со 48 часови непрекинат пороен дожд.

Многумина фанови во Бело Хоризонте, на југо-исток на земјата, беа сведоци на демонстрации. Ова се големи проблеми, кои не можат едноставно да изчезнат, изјави еден од фановите, додавајки: бразилците се темпераментни, постојано се жалат на нешто, но кога игра нивната репрезентација, тогаш сите се како еден, сите се единствени.

Некои фанови се изненадени од атмосефарата во Бразилија. “Речиси ништо не се случува преку ден, но навечер се е поинаку. Градот заживува навечер и ако знаете каде да одите, навистина е забавно. Преку ден е нема ништо”, вели еден посетител од Швајцарија.
Речиси ништо не се случува преку ден, но навечер се е поинаку...


Посетителите, пак, во градовите во внатрешноста на Бразил, како Манаус и Куиаба, се чини дека се најзадоволни.

“Воодушевени сме од гостопримството на домаќините. Слушавме за протести и за криминал во некои делови на Бразил, но овде имама сосема поинакви впечатоци, се е прекрасно”, велат фанови од Австралија и од Чиле.

Од гостопримството, посетителите се задоволни и во другите градови во Бразил, но не и од цените. Особено сместувачките капацитети се многу скапи за време на Мундијалот. Проблем се и вообичаените јазични недоразбирања, поради слабото познавање на странските јазици од страна на домаќините, како и големите безбедносни мерки и хаосот на моменти.