Одложенa пресудата за случајот „Монструм“

архива

Поради здравствени проблеми на судијата одложено е денешното рочиште за случајот „Монструм“, јави МИА. „Денешното рочиште за предметот поврзан со петкратното убиство кај Смилковското езеро на кое тебаше да биде објавена пресудата се одложува поради здравствени проблеми на судијата, кој не може да присуствува на објавата. На денешното рочиште вториот судија, член на судскиот совет треба да закаже нов термин во најскоро време кога ќе биде објавена пресудата“, изјави за МИА портпаролот на Основниот суд Скопје 1, Дејан Ристовски. На обвинителната клупа се пет лица кои се товарат за тероризам, додека на двајца им се судеше во отсуство, бидејќи се наоѓаат во затвор на Косово. Роднини на обвинетите пред десетина дена протестираа пред судот каде што течеше процесот, сметајќи дека е монтиран и дека нивните најблиски се невини. Судскиот процес за случајот „Монструм“ почна во декември 2012 година.