Папата со надеж дека Мундијалот ќе биде и промоција на мирот

Папата Франческо изрази надеж дека Светското Првенство во Бразил ќе се игра во духот на братството и фер плејот и оти ќе биде симбол за солидарноста меѓу луѓето. Во видео пораката на португалски јазик, Папата оцени дека спортот не е само забава, туку и начин за промоција на мирот.
Папата Франческо испрати порака и преку Твитер по повод почетокот на Светското Првенство во Фудбал во Бразил.

Тој изрази надеж дека тоа ќе биде пример за вистинските вредности кои се учат од фудбалот како што се тврдата работа за да се даде гол, важноста на фер плејот и тимската работа, како и почитувањето на противникот.

Папата, кој е од аргентиско потекло и голем фудбалски фан, не се изјасни за кого ќе навива.