Бразил живее за фудбал, не само поради тоа што е домаќин на Светското првенство.
Без оглед дали се оние професионални со грижливо одгледувана трева или импровизирани површини од прашина и камења, фудбалските игралишта во Рио де Жаниеро, можат да се најдат насекаде.
Од скапите предградија до сиромашните фавели на ридовите на овој хаотичен град од 12 милиони жители, еден од домаќините на Светското првенство во фудбал.
Во сламовите, фудбалот не е само добро минато време, туку претставува и начин да им се помогне на децата да останат надвор од канџите на бандите кои тргуваат со дрога.
Таканаречените „есколињас“ или училишта за фудбал што ги организираат градот и хуманитарните здруженија, ги има во скоро секое сиромашно предградие од Дона Марта, до историската фавела која гледа на легенданиот стадион Маракана, каде што ќе се одиграат шест натпревари од Светскиот куп, плус финалниот.
Децата, но и повозрасните скоро по цели денови играат фудбал, а во последно време можат да се видат многу осветлени игралишта каде што се игра, некогаш и до 4 часот наутро.