Генералниот секретар на ДУИ Абдулаќим Адеми денеска во Тетово најави дека по утрешниот конгрес на ДУИ на кој ќе бидат избарни претседателот и Централниот одбор на партијата за неколку месеци ќе се одржи уште еден конгрес на кој тематски ќе се расправа за политиките и стратегиските цели на ДУИ, Албанците и државата. Одговарајќи на новинарско прашање до каде се разговорите за состав на новата Влада, Адеми посочи дека се уште се дискутира околу ресорите и не е решено кои ресори ќе ги раководи ДУИ кои ВМРО ДПМНЕ, така што засега нема конечна одлука за поделба на ресорите и двата партнери немаат разговарано за конкретни имиња.