Од Г8, назад на Г7. Русија за прв пат во изминативе 17 години нема да учествува на еден самит на групата водечки индустриски земји во светот. Сепак, лидерите во Брисел главно ќе зборуваат за дипломатскиот и економскиот притисок врз нивниот поранешен противник, потоа партнер, а сега пак противник.
За прв пат домаќин на самит на Групата седум најразвиени земји во светот е Европската унија, улога што ја презеде откако лидерите одбија да се сретнат во првично планираното место руското одморалиште Сочи како протест против интервенцијата во Украина.
Дел од учесниците на самитот велат дека е битно Западот да покаже заедништво во осудата на она што го прави Москва.
Се уште не јасно колку се ефикасни економските санкции што тие ги воведоа против најблиските соработници на претседателот Владимир Путин.
И додека Русија повлече поголем дел од 40-те илјади војници од границата со Украина, Путин не покажува сигнали дека ќе му го врати на Киев анектираниот Крим. Во меѓувреме, насилствата во источна Украина продолжуваат.
„Досегашните санкции немаат голем ефект“, вели Роланд Парис, од Студиите за меѓународна политика на Универзитетот во Отава, додавајќи:
„Но, мислам дека заканата од натамошни санкции и солидарноста што НАТО и Г7 ја покажаа би можеле да го натераат Путин да размисли дека би било подобро за него да не влегува со руска војска во источна Украина“, вели Парис.
Како и да е, тој се уште ја диктира агендата на дводневниот самит, а неговите акции и цели се главна тема на лидерските разговори.
За нив, пак, најважно е да постигнат согласност дека веќе нема да биде толерирано натамошно руско мешање во Украина и оти ќе сторат се што можат да го поддржат новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко.
Тој в сабота ќе ја преземе функција во земјата која останува длабоко поделена, длабоко задолжена и длабоко сомничава во нејзиниот сосед, Русија.
Американската делегација на самиот во Брисел, како што се дознава, инсистира на потребата Русија да даде сигнал дека ќе соработува со Порошенко во намалување на тензиите, нешто што Путин тешко го прифаќа.
Од друга страна, Русија останува клучен енергетски снабдувач за Европа, што за некои членки на Г7 е ограничувачки фактор во носењето одлуки против Москва.
Можеби затоа Путин, иако е непожелен на Г7, останува поканет гостин на церемониите по повод 70-годишнината од сојузничката инвазија врз Нормандија во Втората светска војна, на вечерата со францускиот претседател Франсоа Митеран, како и на средбите со британскиот премиер Дејвид Камерон и германската канцеларка Ангела Меркел.
Американскиот претседател Барак Обама веќе соопшти дека не планира да се сретне или да разговара со Путин.

Но, мислам дека заканата од натамошни санкции и солидарноста што НАТО и Г7 ја покажаа би можеле да го натераат Путин да размисли дека би било подобро за него да не влегува со руска војска во источна Украина.Роланд Парис, Студии за меѓународна политика на Универзитетот во Отава.