Сноуден бара азил во Бразил

Пребеганиот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден изјави дека тој аплицирал да добие азил во Бразил. Сноуден кој моментално е во Русија прецизира дека побарал од неколку земји да му дадат азил, но оти тој би сакал да живее во Бразил. Бразилското министерство за надворешни работи соопшти дека нема добиено барање за азил од Сноуден. Неговиот привремен престој во Русија истекува во август годинава. Во објавените тајни документи се покажало дека американските агенции го шпионирале и Бразил по што претседателската Дилма Русеф ја откажа посетата на Соединетите држави.