Во поројниот дожд во Скопје беа поплавени улици, подруми, станови, продавници. Една од најпогодените општини е Центар. Таму настрадаа подрумот и приземјето на Градскиот трговски центар.
По обилните дождови во Скопје, состојбата се нормализира, но сега дуќанџиите ги пресметуваат штетите. Најпогоден од невремето беше центарот на градот, каде може да се забележат огромни количини на вода. Некои од продавниците во подрумот и приземјето на Градскиот трговски центар беа поплавени. Една од нив беше и супермаркетот Кам. Дарко Коловски вели дека направиле големи напори за работата да се одвива тековно.
„Претежно имавме голема количина вода од плафонот, од горните катови. Ни се поплави голем дел од маркетот, поголем дел од стоката е оштетен, дадовме поголем напор од наша страна, да изнесеме, да биде сè под контрола, стартуваме па ќе видиме, се молиме да нема повторно вакви невремиња.“
РСЕ: Како ќе се надомести штетата?
„Во процедура е преку осигурителна компанија, чекаме да не има дополнително невреме, па потоа ќе се проценува штетата“, вели Коловски.
Не беа поштедени и некои од дуќаните за гардероба. Некои поминале со помали штети, а некои се принудени да реновираат, а со тоа им трпи бизнисот.
„Врз стоката нема многу, само две парчиња се намокрија, меѓутоа тепихот целиот ни беше намокрен, скоро цел дуќан беше со вода, меѓутоа го исушивме и тоа е тоа. Немаше нешто како што има во комшии каде што им падна целиот кров, кај нас немаше толку голема штета, меѓутоа имаше вода внатре.“
„Еве, два дена не се работи, таа е штетата. Материјалната штета не е голема, се прави, ама работата е што не се работи“, велат дел од дуќанџиите.
Дел од нив одговорноста ја бараат во управата на Градскиот трговски центар. Портпаролот на Град Скопје, Неделчо Крстевски, вели дека сè уште не се знае точно колкава материјална штета предизвикаа обилните врнежи од дожд и за таа цел Владата одлучила да бидат формирани комисии.
„Комисиите треба да ги формираат општините, коишто треба да излезат на терен и да спроведат попис за штетите“, вели Крстевски.
Дирекцијата за заштита и спасување вчера формираше оперативен тим од 30 лица вработени во Дирекцијата кои се подготвени да дејствуваат доколку има нови врнежи и поплави.
Еве, два дена не се работи, таа е штетата. Материјалната штета не е голема, се прави, ама работата е што не се работи.Дуќанџија од ГТЦ.
„Претежно имавме голема количина вода од плафонот, од горните катови. Ни се поплави голем дел од маркетот, поголем дел од стоката е оштетен, дадовме поголем напор од наша страна, да изнесеме, да биде сè под контрола, стартуваме па ќе видиме, се молиме да нема повторно вакви невремиња.“
РСЕ: Како ќе се надомести штетата?
„Во процедура е преку осигурителна компанија, чекаме да не има дополнително невреме, па потоа ќе се проценува штетата“, вели Коловски.
Комисиите треба да ги формираат општините, коишто треба да излезат на терен и да спроведат попис за штетите.Неделчо Крстевски, портпарол на Град Скопје.