По силниот дожд и град вечерва во Скопје се почувствува и земјотрес. Како последица на силниот дожд повеќе улици во градот беа поплавени. Врнежите во еден период преминаа во град со големина на џамлија. Најлошо е кај Стоковна куќа Мост, каде два автомобили се целосно потопени, и во Лисиче и Аеродром. Повеќе граѓани јавуват за поплавени подрумски простории.
Поради невремето е свикан итен состанок на оперативното тело на Владата и на Град Скопје за координација и справување со поплавите, кој ќе се одржи во просториите на Град Скопје. Кризниот штаб ќе го води министерот Миле Јанакиески, јави државната новинска агенција МИА.
Во меѓувреме, во 23.05 часот жителите на главниот град почувствуваа и земјотрес, чиј епицентар бил на 10 километри северозападно од Скопје, на длабочина од 10 километри, со магнитуда од 3,6 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот бил во близина на селата Мирковци и Бразда.