Цивил со осуда на полициската бруталност и притисокот врз новинарите

Џабир Дерала, претседател на Цивил

Цивил - Центар за слобода го осудува чинот на прекумерна употреба на сила врз демонстрантите од полициските службеници при нивното приведување за време на вчерашните немири во населбата Ѓорче Петров. Вината за ескалацијата на настаните ја лоцираме во недостигот од соодветни мерки од МВР за спречување на насилството и вандализмот и покрај најавите за собири на социјалните мрежи, се наведува во соопштението во кое се апелира граѓаните да воздржат од секакви меѓуетнички тензии и да остават институциите на системот да ја завршат својата работа согласно Кривичниот законик. Цивил најостро го осудува недоличното и брутално однесување на полициските службеници и одземањето видео и фото материјали од новинарките на Нова ТВ, Фокус и Радио Слободна Европа што претставува спречување во вршењето на нивните работни обврски и задачи во информирањето на јавноста и атак врз слободата на изразување и слободата на медиумите.