НАТО ја напушти својата основна мисија и сега светот треба да плати за тоа. Ова се наведува во анализата, објавена во „Форин афеарс“ во врска со улогата на Алијансата во чувањето на европската безбедност нејзиното потценување на руските аспирации, не само во Украина.
Дваесет години НАТО и европската безбедносна политика беа водени од четири не толку силни стратегиски претпоставки.
Првата: Западните лидери сметаа дека Русија е бенигна сила и оти поради тоа меѓудржавните закани за европската безбедност веќе не треба да загрижуваат.
Втората беше дека НАТО треба да излезе од бизнисот, бидејќи основната мисија на Алијансата, колективната заштита, веќе не е релевантна причина за задржување на заедничкиот сојуз. Затоа НАТО го прошири членството и презеде низа нови мисии во светот.
Третата: Западните лидери претпоставуваа дека ширењето на Алијансата нема да испровоцира реакција од Русија. НАТО лидерите веруваа во нивната сопствена реторика за бенигноста на ширењето и претпоставија дека и Москва на тоа ќе гледа исто како нив.
Четвртата претпоставка е дека лидерите веруваа оти Алијансата би била успешна во спроведувањето воени и стабилизациски мисии на далечни места.
Во 2014 година, како што се наведува во анализата на „Форин афеарс“, западните лидери ги научија нивните стратегиски грешки на најтежок можен начин.
Тие сфатија дека мисијата за колективната безбедност на НАТО е се уште важна, бидејќи Русија е ангажирана во менување на меѓународните граници и оти Алијансата не требаше да го напушти својот регион и да замине на мисии во Авганистан, Ирак или Либија кои чинат многу животи и пари, а носат малку ефекти.
Соединетите држави и Европа мора да сфатат дека се уште постојат закани за безбедноста и оти му треба одбрана на Континентот.
„Одењето на глобално ниво“ не ја направи Алијансата порелевантна, поефективна или поверодостојна. Овие операции само ги истрошија и онака слабите европски воени можности.
Сега Вашингтон и Брисел се борат со непосреден предизвик, руската агресија врз Украина, но притоа мора направат преоценка на основната стратегија.
Најпрвин тие мора да признаат дека Европа се соочува со безбедносни закани, а потоа, како што наведува Форин афеарс, да најдат консензус за долгорочни одговори на руските нови, полутајни форми на воена агресија како на Крим и во источна Украина.
Би било грешка да се потценат аспирациите на Путин и природата на таквите закани. Западните лидери треба да ги утврдат путиновите крајни стратегиски цели и да дејствуваат соодветно на нив.
Целосна, слободна и мирна Европа се уште е остравлива цел. Но, тоа ќе бара обновено истакнување на европската безбедност, отфрлање на илузиите од изминатите дваесет години и јасно фокусирање врз европските нови безбедносни предизвици, се наведува во анализата објавена во „Форин афеарс“.

Поранешниот американски амбасадор во Москва Џек Метлок неодамна напиша дека ефектите на НАТО акциите во 90 години, ширењето на Алијансата и бомбардирањето на Србија без одобрување од Советот за безбедност на Обединетите нации биле катастрофални. Според него, во 1991 година 80 насто од Русите позитивно гледале на Соединетите држави. Во 1999 исто толку Руси имале негативен став спрема американците. Една година потоа Владимир Путин беше избран за претседател на Русија.