Оставка на актуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев, бара одборот за поддршка на Бранко Црвенковски преку отворено писмо.
„Поднесувањето на оставката ќе значи најпаметното и најдоброто нешто што сте го направиле за партијата, откако сте дојдени на чело на СДСМ“, стои во писмото на кое е потпишан претседателот на Иницијативниот одбор, Наум Буревски.
Понатаму се наведува дека Одборот верува дека Заев ќе поднесе оставка заедно со целокупното раководство за доброто на СДСМ и за доброто на сите лојални членови. Одборот за „Отпор“, како што се нарекуваат. бараат оставките да се поднесат на Конгресот на 11 мај.
Од СДСМ повикуваат членовите и поддржувачите да останат на висина на одговорноста што ја имаат како дел од најголемата опозициска партија.
„Социјалдемократскиот сојуз ќе утврди кое е најдоброто решение за натамошното дејствување на партијата на Конгресот кој ќе се одржии на 11. Мај“, соопштуваат од СДСМ.
На Конгресот ќе се гласа довербата на телата на партијата. Од СДСМ велат дека ќе бидат донесени одлуки кои ќе бидат во интерес на државата и во интерес на граѓаните на Република Македонија.