ЗНМ - новинарите во Македонија немаат причина за прославување на Светскиот ден на медиумите

На 3-ти Мај, Светскиот ден на слобода на печатот, новинарите во Македонија немаат причина за прославување затоа што слободата на изразување и независноста на медиумите се сериозно загрозени, соопштуваат од ЗНМ.

„Водечките медиуми во Македонија се пристрасни и непрофесионални, кои место да ја информираат јавноста за состојбата во општеството, станаа пропагандно средство на владејачката структура“, пишува во соопштението на ЗНМ.

Македонија во последните 7 години падна за 87 места на Индексот за слобода на изразување на Репортери без граници и се ноаѓа на 122 место на идексот на Фридом хаус. Ваквата состојба е резултат на погрешните медиумски политики спроведени уште од осамостојувањето на земјата, кои за жал ескалираа во последните години, стои понатаму во соопштението.

Од ЗНМ велат дека „ова тешка состојба во медиумите може да се промени само со радикални мерки“.