Централниот Одбор на СДСМ ја потврди одлуката на Извршниот одбор на партијата за враќање на 34 те пратеничките мандати и за непризнавање на изборните резултати.
Во дискусиите за бенефитите и последиците од ваквата одлука. некои од пратениците од претходниот собраниски состав барале и одговорност од партиските лидери, а други посочиле дека најголемата грешка е што не се истрајало во намерата да не се оди на избори без прочистен избирачки список.
По цела ноќ дискусии на крајот едногласно била прифатена и потврдена одлуката на Извршниот Одбор да се вратат пратеничките мандати бидејќи на ваков начин и распоред на сили тие би биле само потврда на политиките на власта без никаква полза за иднината на државата.
Договорено било да се оддржи конгрес на партијата, на кој ќе биде потврдена ваквата одлука, за да има јасна позиција дека целата партија стои зад ваквите одлуки на раководството предводено од лидерот Зоран Заев, и да се договори кои би биле идните начини на дејствување на СДСМ како најголема вон-парламентарна партија.