Градоначaлникот на Струга, Зијадин Села побара претседателот на ДПА да ја напушти функцијата. ДПА никогаш нема да победи на избори се додека е Тачи на чело на партијата, рече Села.
Време е Тачи да си поднесе оставка од претседателското место во ДПА вели струшкиот градоначалник Зијадин Села. ДПА никогаш нема да победи на избори се додека е Тачи на чело на партијата. Надежта дека еден ден ќе се сменат работите и дека ние ќе успееме да победиме не постои, бидејки се гледа дека овој народ гласа само против Тачи, а не е во прашање нешто друго, смета Села. Тој бара конгресот на партијата под итно да свика собрание на кое би се разговарало за резултатите од претседателските и парламентарните избори.
„Мендух Тачи треба да дава отчет пред органите на партијатата. Со која смелост без да го праша органите зема одлука да гласа за претседател на државата. Ние заедно се договоривме да гласаме само за претседател Албанец. Треба да даде објаснување и да им каже на членовите на ДПА како е можно на претседателските избори да изгуби од ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Тетово. На Конгресот како највисок орган, Мендух Тачи треба да дава оставка, а дали треба или не се покажа пред два дена кога беа парламентарните избори“, рече Села.
Тачи и Села влегоа во отворен конфликт пред изборите откако лидерот на партијата не го послуша струшкиот огранок околу кандидатската листа за пратеници и за носител на листата во петка го постави Зија Јонузи. Потоа експресно Тачи го исклучи Села од партијата заедно со претседателот на огранокот во Струга, Лавдрим Елмази.
Села вели дека на конгресот треба да се види и дали ДПА треба или не треба да учествува во Владата која ДПМНЕ ја крои.
„Ако Мендух Тачи влезе во власта и ако во првите 100 дена го реализира дводомниот парламент нека влезе уште денес, ако го реализира правичното и пропорционално делење на буџетот нека влезе уште денес, а ако не, да не се осмели да влезе. Секаде од 2009 сме зборувале за еден нов договор кој еднаш за секогаш треба да ги реши проблемите на Албанците во Македонија“,рече Села.
Радио Слободна Европа се обиде да добие став од централата на ДПА во Тетово, но од таму не беа достапни за никаков коментар.
Политичкиот аналитичар Ким Мехмети барањата на Села за дебата во конгресот на партијата ги оценува како нивно внатрепартиско право.
„Тоа е легитимно во партиите и секоја групација се бори за свое место во партијата и тука нема ништо нелигитимно и ништо ненормално.
РСЕ: Дали може да се очекува дека Тачи ќе поднесе оставка?
„Јас не верувам, бидејќи ДПА е приватна компанија на нејзиниот претседател и тој не ја испушта никогаш од раце. Додека тој е претседател на таа партија, таа партија никогаш нема да победи кај Албанците, рече Мехмети.
Мехмети вели дека ДПА може да влезе во Владата на Груевски, но само како дел од македонската страна.
„Бидејки веќе е прифатено правилото таа партија која има најголем број на албански гласови, друго е како се стекнати тие гласови. Друго е колку таа партија е навистина о само албанска кога се повикува и на Турци, Роми и Бошњаци. Но треба да се мнозинската политичка волја на Албанците, рече Мехмети.
На Конгресот како највисок орган, Мендух Тачи треба да дава оставка, а дали треба или не се покажа пред два дена кога беа парламентарните избори.Зијадин Села, градоначалник на Струга.
„Мендух Тачи треба да дава отчет пред органите на партијатата. Со која смелост без да го праша органите зема одлука да гласа за претседател на државата. Ние заедно се договоривме да гласаме само за претседател Албанец. Треба да даде објаснување и да им каже на членовите на ДПА како е можно на претседателските избори да изгуби од ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Тетово. На Конгресот како највисок орган, Мендух Тачи треба да дава оставка, а дали треба или не се покажа пред два дена кога беа парламентарните избори“, рече Села.
Тачи и Села влегоа во отворен конфликт пред изборите откако лидерот на партијата не го послуша струшкиот огранок околу кандидатската листа за пратеници и за носител на листата во петка го постави Зија Јонузи. Потоа експресно Тачи го исклучи Села од партијата заедно со претседателот на огранокот во Струга, Лавдрим Елмази.
Јас не верувам, бидејќи ДПА е приватна компанија на нејзиниот претседател и тој не ја испушта никогаш од раце. Додека тој е претседател на таа партија, таа партија никогаш нема да победи кај Албанците.Ким Мехмети, политички аналитичар.