Досега се доставени 12 приговори од ДУИ, ГРОМ и ДПА.за постапката на гласање на двојните претседателски и парламентарни избори што се одржаа во неделата
Секој партија учесник на изборите, по гласањето, сумирањето и утврдувањето на резултатите може да поднесе приговор до ДИК. Приговорот се поднесува во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно рокот истекува денеска во 19 часот.
Од Државната изборна комисија велат дека досега се доставени 12 приговори и тоа од политичките партии ДУИ, ГРОМ и ДПА.за постапката на гласање на двојните претседателски и парламентарни избори што се одржаа во неделата. Рокот за поднесување на приговори по овој основ истече во 19 часот. До полноќ партиите се уште можат да доставуваат приговори, но само за пребројувањето на гласовите.
ДУИ поднела два приговора, ГРОМ – четири, а ДПА – шест. Државната изборна комисија ќе одлучува по нив во текот на утрешниот ден.
Според одредбите во Роковниот за извршување на изборните дејствија, ДИК е должна во рок од 48 часа по примањето на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на решението. Тужбата до Судот подносителот ја заснова на основот и врз наводите истакнати во приговорот по кој е донесена првостепената одлука.
ДИК по службена должност, или по поднесен приговор може да поништи гласање на одредено гласачко место, само ако вкупниот број на запишани избирачи на тие избирачки места на ниво на изборна единица, град, односно општина влијае врз вкупните резултати. Гласањето на гласачкото место кое е поништено ќе се повтори по 14 дена од денот на гласањето.
Новиот претседател на државата треба да биде инаугуриран кон средината на мај. Мандатот на сегашниот претседател завршува на 12 мај. Новата Влада, пак, треба да биде формирана еден месец подоцна. Според изборниот законик, новите народни пратеници ќе ги добијат мандатите по истокот на роковите за жалби до ДИК, односно најдоцна за 20 дена по изборите, што би значело дека новото собрание ќе се формира на 17 мај. Конститутивната седница треба да ја свика досегашниот претседателот , а до избор на нов претседател на парламентот, функција ќе ја извршува најстариот пратеник.
Доколку досегашниот претседател на Парламентот не свика конститутивна седница, тоа може да го направат самите пратеници. Тие се состануваат на 21 ден по завршувањето на изборите. Седницата во тој случај ја свикува најстариот пратеник по години. Собранието може да се конституира само ако на седницата присуствуваат мнозинството пратеници. Потоа се избира Верификационата комисија на Собранието, која треба да предложи да се верифицираат мандатите на пратениците.
Според изборниот законик, новиот претседател на државата треба биде инаугуриран и да даде свечена заклетва во Собранието најдоцна 10 дена по соопштувањето на официјалните резултати за изборите од страна на ДИК.
Потоа тој во рок од 10 дена му га дава мандатот на лидерот на победничката партија на парламентарните избори кој во рок 20 дена до Собранието треба да го достави составот и програмата на новата влада. Седницата за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот за состав на Владата и програмата.
Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање, а се избира со мнозинство гласови.
Според Изборниот законик, на пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако поднесе оставка. На негово место пратеник станува наредниот кандидат од листата, ако овој не прифати, правото се пренесува на следниот на листата итн. Ако на листата веќе нема кандидати се распишуваат дополнителни избори за пратеници во изборната единица во која е избран пратеникот.
Од Државната изборна комисија велат дека досега се доставени 12 приговори и тоа од политичките партии ДУИ, ГРОМ и ДПА.за постапката на гласање на двојните претседателски и парламентарни избори што се одржаа во неделата. Рокот за поднесување на приговори по овој основ истече во 19 часот. До полноќ партиите се уште можат да доставуваат приговори, но само за пребројувањето на гласовите.
ДУИ поднела два приговора, ГРОМ – четири, а ДПА – шест. Државната изборна комисија ќе одлучува по нив во текот на утрешниот ден.
Досега се доставени 12 приговори и тоа од политичките партии ДУИ, ГРОМ и ДПА.за постапката на гласање на двојните претседателски и парламентарни избори што се одржаа во неделата. Рокот за поднесување на приговори по овој основ истече во 19 часот. До полноќ партиите се уште можат да доставуваат приговори, но само за пребројувањето на гласовите..