Според досега процесираните податоци на Државната изборна Комисија, кандидатот на ВМРО –ДПМНЕ за претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов води пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Од процесирани 85,96 проценти од избирачките места или 3.019 од 3.512 места, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија, Ѓорге Иванов освоил 437.074 или 56,09 проценти, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски 314.673 или 40,38 отсто.
На предвремените парламентарни избори од процесирани 78, 80 отсто од избирачките места или од 2.769 од вкупно 3.514 места, за ВМРО-ДПМНЕ гласале 349.831 или 43, 30 отсто, за СДСМ гласале 197.118 или 24, 40 отсто, за ДУИ гласале 113, 868 или 14, 09 проценти, за ДПА гласале 50.449 или 6, 24 проценти, ГРОМ 22.927 или 2,84 проценти, НДП 10.684 или 1,32%, итн.
ДИК го спроведе успешно овој двоен изборен процес од организационен и технички аспект, рече претседателот на Комисијата, Никола Рилкоски. Тој рече дека ДИК нема да дава официјална оценка и проценка за тоа како поминале изборите, бидејќи ќе чекаат партиите да го искористат правото на вложување приговори.
„Од приговорите ќе можеме да имаме права слика и можност да видиме како се одвивале изборите и да дадеме оценка“, рече Рилкоски. Запрашан за коментар за одлукат ана СДСМ за не ги признава резултатите, тој рече дека за одлуката на СДСМ нема потреба од коментар.
Следната прес-конференција на ДИК се предвидува за утре напладне.