Ѓорчев - Груевски останува премиер

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес-конференција соопшти дека води на вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори. Од 66 отсто обработени податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, според Влатко Ѓорчев, на вонредните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ освоила 316.000 гласови, додека СДСМ 188.000 гласови.

Кандидатот за претседател на РМ од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Ѓорге Иванов освоил 377.000, додека кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски 278.000 гласови.

„Никола Груевски останува премиер на Македонија. Татковината останува во сигурни раце. Исто така Ѓорге Иванов останува претседател на Република Македонија“, изјави на вечерашната прес-конференција Ѓорчев.

Тој соопшти дека кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во дијаспората освоиле најмногу гласови.